Четвртиот ден на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина го носи првиот настап на македонските олимпијци.

Прв на олимписките борилишта, ќе се појави нордиецот Ставре Јада.

Тој ќе настапи во спринтерката трка е закажан за 9 часот и 55 минути. Јада ќе стартува со бројот 90, што впрочем го означува и неговиот рејтинг (пријавен резултат) во конкуренција на 95 натпреварувачи кои се пријавени за оваа трка.

Ова ќе биде еден од неговите два настапи, бидејќи Јада на 13-ти февруари ќе се појави и на 10 километарската трка.

Сите актуелности од Зимските олимписки игри 2026, Милано и Кортина д’Ампецо