60-тиот Супербол во НФЛ лигата, се одигра ноќеска меѓи Сиетл Сихокс и Њу Ингланд Патриотс. Велат дека одмаздата најдобро се служи ладна, а токму тоа Сихокс им го направија вечерва на своите противници, кои беа подобри на истата сцена во 2015 година.
Сиетл ја освоија својата втора титула со победа над Њу Ингланд 29:13. Џејсон Мајерс беше херој со пет прецизни удари и нов рекорд на Супербоул.
Сихокс ја отворија играта со силна одбрана и водство од 9:0 на полувремето. Патриотс станаа првиот тим без поени во три четвртини од 1974 година. Еј Џеј Барнер постигна тачдаун за 19:0, а Патриотс одговорија со Холинс за 19:6. Учена Нвосу украде топка и донесе нови поени за Сиетл. Мајерс повторно беше прецизен и ја запечати победата. Бед Бани настапи на шоуто на полувремето како прв латиноамерикански соло изведувач.
Сихокс ја освоија првата титула во 2014 година против Денвер Бронкос. Патриотс ги победија во финалето 2015 година со 28:24.
Секој член на победничкиот тим добива по 171.000 долари, а губитничкиот по 103.000. Следната сезона наградата ќе биде зголемена за уште седум илјади долари.
































