Две од четирите женски екипи кој ја претставуваат Македонија на ракометната европска сцена денеска имаат настап.
Тимовите на Куманово и Чаир ќе ги играат првите натпревари од 2.коло во ЕХФ Европскиот куп и тоа на гостински терен.
Ракометарките на Куманово ќе гостуваат во Литванија кај екипата на Каскада Гарилава. Овој натпревар ќе почне во терминот од 15 часот. Четири часа подоцна (19) во Словенија, тимот на Чаир ќе го сторува натпреварот против Ајдофчина.
Реванш натпреварите во Куманово и Скопје ќе се играат на 4 октомври, за кога е закажан и првиот меч меѓу Металург Автокоманда и Диферданж од Луксембург. Овие два тима и ден подоцна (5 октомври) повторно во Скопје ќе го играат реваншот.
Потсетување дека македонскиот шампион Ѓорче Петров својот настап во истото натпреварување ќе го почне од третото коло.
Ивона Кимовска



































