Екипата а Јанта волеј е првата во женска конкуренција што обезбеди пласман во финалето на одбојкарскиот шампионат на Македонија. Кој ќе биде противник на тимот од Кисела Вода ќе се знае по мајсторката меѓу Работнички и Наковски волеј.
Ова е епилогот по одиграните реванш мечеви во полуфиналето.
Тимот на Јанта волеј ја оправда улогата на фаворит во дуелот со Фит Фан волеј и го доби вториот меч без загубен сет. На мечот на гостински терен до втората победа одбојкарките на Јанта волеј стигнаа со 15:25, 23:25 и15:25 по сетови.
Тие сега ќе ја чекаат мајсторката од дуелот меѓу актуелиот шампион Работнички и Најовски волеј.
Ова откако во вториот меч струмичката екипа на домашен терен славеше со Наковски волеј – работнички 3-1 по сетови 25:22, 16:25, 25:14 и 30:28. Со по една победа серијата се сели во Скопје, каде на 27 април (четврток) ќе се игра мајсторката.
Кај мажите веќе е познато дека Струмица и Штип УГД ќе играат за шампионскиот трофеј во финалната серија.