Фаворитите за шампионскиот трофеј во одбојкарскиот шампионат на Македонија, во двете конкуренции, УГД Штип и Јанта волеј со победи го почнаа разигрувањето.
Освојувачот на Купот во машка конкуренција, тимот на УГД Штип ја оправда фаворитската улога во дуелот со Универзитет во Тетово. Штипјани го добија првиот полу-финален меч со убедливи 3:0 во сетови. Триумфот го најавија уште во првиот сет во кој на противникот му препуштија само 14 поени. Во следните два нешто подобра игра на гостите, кои освоија 20 и 21 поени, но не доволно барем да се освои сет.
И кај дамите до очекувано водство од 1:0 во полуфиналето дојде екипата на Јанта волеј. Сепак, таа мораше да одигра сет повеќе во мечот со Фит Фан волеј што го доби со 3:1. Гостинската екипа го доби вториот сет со 21:25, а другите им пропаднаа на домаќинките со 25:15, 25:13 и 25:18.
Според однапред утврдениот распоред, реванш натпреварите треба да се играат во понеделник.
За денеска закажани се првите мечеви, во другите два полуфинални парови.
Во Струмица бранителот на трофејот го пречекува Борец, а шампионот кај дамите Работнички е домаќин на Наковски волеј.