Иако за викендов беа предвидени да се играат редовни коло во сите конкуренции, сепак кошарка ќе нема на терените ширум државата.

Причината за ова се судиите. Имено, македонските кошаркарски судии, решија да стапат во бојкот или подобро речено штрајк!? Тие веќе подолг период ги немаат земено хонорарите кои им следуваат.

Кошаркарската федерација на Македонија, летово се пофали со обезбедени средства од генерален спонзор, од кои треба да се исплаќаат судиите во Првата лига мажи и жени. Останатите конкуренции трошоците одат на сметка на клубовите.

Неофицијално, станува збор за сума најмалку од 30.000 евра, само по основ на такси.

Иако имало средба со во првиот човек на МКФ, Перо Антиќ, кој повеќе од сигурно е на излезна врата од федерацијата, сепак договор не е постигнат.

Кога и како ќе продолжи шампионатот во кој претстои разигрувањето з титулата засега е не познато.