По низата на соопштенија на повеќе клубови изминатите денови, конечно може да се насочиме вистинскиот ракомет. Имено, денеска стартува третата рунда во машката плеј-оф суперлигашка конкуренција.

Во воведниот натпревар, во СЦ „Јане Сандански“ ракометарите на Вардар го пречекуваат Охрид.

Вардарци се во трка по Еурофарм Пелистер во борбата за шампионската титула, со бод помалку од ривалот. Охриѓани пак се второ рангирани пред Алкалоид кој има бод помалку. Двата овосезонски дуели го добија црвено-црните, првиот во Скопје со три, а оној во Охрид пред еден месец со гол разлика.

Гостите на овој натпревар не ќе може да сметаат на Ловро Јотиќ, кој се повреди на дербито против Еурофарм Пелистер, а неизвесен е и Орјоникидзе и Мацуока. Како Алушовски ќе се снајде без нив во дуелот со разиграниот вардарров тим кој е во одлична серија останува да се види.

Натпреварот во „Јане Сандански“, ќе почне од 19 часот.

Останатите два натпфвеари од ова коло, ќе се играат во недела од 18 часот. Дебито е во Битола, каде Еурофарм Пелистер го пречекува Алкалоид, а во Кавадарци, Тиквеш е домаќин на Бутел.

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) ПЛЕЈ-ОФ 3.КОЛО

Петок / 11 април
18.00 ВАРДАР – ОХРИД
Недела / 13 април
18.00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – АЛКАЛОИД
18.00 ТИКВЕШ – БУТЕЛ

ТАБЕЛА (плеј-оф): Е.Пелистер 7 бодови, Вардар 6, Охрид 3, Алкалоид 2, Тиквеш 1, Бутел 0.