За македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер осанува да го одигра последниот натпревар сезонава во Лигата на шампионите. Пелистерци ќе бидат домаќини на францускиот гигант Париз Сен Жермен.

Денеска на пладне (12 часот), во продажба пуштени се влезниците за овој меч што ќе се игра во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

По сума од 450 денари и 550 денари, картите ќе се продаваа на онлајн платформата на клубот https://kartieurofarm.mk/ и вообичаените продажни места.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и ПСЖ што ќе се игра во четврток ќе почне од 20:45 часот.