По втор пат во два дена тимот Лејкерс, речиси идентичен резултат го совлада градскиот ривал ЛА Клиперс. По победата од 106:102, Лејкерси ноќеска беа подобри од Клиперси со резултат 108:102.
Лука Дончиќ ги предводеше до шестата последователна победа со 29 поени, шест скока и девет асистенции. Далтон Кнехт додаде 19 поени, Леброн Џејмс 17 поени, пет скока и девет асистенции, но и осум загубени топки.
Кави Ленард со 33 поени и 10 скока, беше прв стрелец кај Клиперски за кои Ивица Зубац забележа дабл-дабл , со 12 поени и десет скока.
Ситуацијата се вжештува во борбата за второто место на западот. Лејкерси имаат скор 38-21, Нагетс паднаа на 39-22 на два меча до крајот, додека Мемфис Гризлис имаат скор 38-22. Тандер водат со убедливи 49-11.



































