Во англиската Премиер лига, попладнево се одиграа два натпревари.
Ново непријатно изненадување на своите навивачи им приредија фудбалерите на Манчестер Јунајтед.
На „Олд Трафорд“, Манчестер Јунајтед загуби од Кристал Палас со 0-2. Двата гола беа постигнати во второто полувреме и двата ги постигна Французинот, Жан Филип-Матета. Во 64-тата за водство од 1-0, а во 89.минута за конечни 2-0 за Кристал Палас.
Со оваа победа тимот на Кристал Палас сега го мина Манчестер Јунајтед на табелата и е на 12.место со бод повеќе од Јунајтед кој е тринаесетти.
Со ист резултат 0-2 за гостите заврши и дуелот Брентфорд – Тотенхем. Тимот од Лондон до победата стигна со автоголот на Џенелт (29) и Мата Сар во 87-та минута.
Тотенхем сега има 27 бодови и е веднаш зад Манчестер Јунајтед. Тимот на Брајтон остана пред Кристал Палас на 11-тото место.