Дерби натпреварот од 24.коло во Премиер лигата меѓу Арсенал и Манчестер Сити мина во тотална доминација на домаќините.
На натпреварот одигран во Лондон, популарните „топчии“ го „торпедираа“ шампионот Сити со 5-1.
Натпреварот започна на најдобар можен начин за Арсенал кој уште во втората минута со голот на Одегард поведе со 1-0. До крајот на првиот дел немаше промена на резултатот, но затоа во вториот беа постигнати уште пет гола.
Манчестер преку Халанд во 55.минута израмни на 1-1, но веќе во следниот напад Парти одново му донесе предност на Арсенал (2-1). Веќе во 62.минута Луси-Скели зголеми на 3-1. стрелец на четвртиот гол за Арсенал беше Хаверц во 76-тата минута. Конечните 5-1 ги постави Нванери во петата минута од судиското дополнение.
Арсенал кој е втор на табелата сега повторно има шест бодови заостанување зад водечкиот Ливерпул. а три повеќе од Нотингем Форест. Екипата на Манчестер Сити е четврто рангирана со петнаесет бодови помалку од лидерот Ливерпул.