Македонскиот првак Еурофарм Пелистер ја постигна втората победа во Лигата на шампионите откако вечерва ја совладаа Висла со 21:18 (12:10). Ова е водено прва домашна победа за битолчани во елитното натпреварување сезонава.

Првиот дел мина во изедначена игра и голема борба на двете екипи, а по стартните 0:1 за гостите македонскиот шампион направи серија од 3-0 и поведе со 3:1. Тоа беше едно од трите водства од два разлика за битолчани, а потоа беше 5:3. Гостите од Полска брзо се вратија резултатски и изедначија на 5:5 и 6:6, а потоа и поведоа со 7:6. Еурофарм Пелистер до крајот на првиот дел имаше предност од еден гол, а по тајм-аутот на тренерот Раул Алонсо, капитенот Кузмановски погоди за 12:10 на полувреме.

На стартот од вториот дел Пелистер направи серија од 3-0 за водство од 15:10, а по голот на полскиот тим за 15:11 публиката во Битола чекаше дури 12 минути за следниот гол за домашната екипа. Но, и гостите не беа нешто поефикасни. Во завршницата се играше гол за гол, а Висла успеа да намали на 20:18. Голот за конечните 21:18 го постигна Пешевски.

Кузмановски кај Е.Пелистер со 7 голови беше најефикасен, додека голманот Митревски имаше 13 одбрани.

По овој натпревар Е.Пелистер е на шестото место на табелата со 6 бодови, Висла има 4 на седмата позиција, а Фредериција е последна со 3 бодови. Со ваков расплет на настаните битолчани се поблиску до осминафиналето.

По овој натпревар следува пауза, се до 12 февруари следната година, кога Е.Пелистер ќе гостува кај Спортинг во Лисабон.