По поразот од Литванија, македонската кошаркарска репрезентација го губи чекорот со конкурентите за настап на Евробаскетот 2025-та.
Селекторот Александар Јончевски е далеку по задоволен од денешниот за разлика од првиот натпревар во Скопје.
Отсуството на Итан Хап во скок играта под обрачите секако можеше и многу да го промени исходот барем на денешниот меч.
Скокот останува главен проблем потенцира Јончевски по дуелот кој Македонија го загуби со 22 разлика.
„Денеска имавме вкупно три скока од високите играчи, што е катастрофално за еден ваков натпревар“,
изјави меѓу останатото Јончевски.