Дербито на 12.коло од ракометната Супер лигата му припадна на Вардар, кој славеше победа во дуелот со Алкалоид со 29:27 (15:13).
„Црвено-црните“ предводени од новиот тренер Гилермо Милано заслужено стигнаа до победата и му го нанесоа првиот пораз сезонава на Алкалоид во сите натпреварувања. По денешниот дуел двете екипи се на врвот на табелата со по 22 бода.
Вардар добро го „отвори“ натпреварот и поведе со 3:0, а потоа и со 5:2. Но, екипата на Алкалоид се врати и изедначи на 5:5 (прво израмнување). Веднаш потоа го имаше и првото водство (6:5) откако серијата продолжи на 4-0. Во продолжение се играше гол за гол, за Алкалоид по 20-тина минути да води со 11:9. Сепак „црвено-црните“ со мини серија успеаја да изедначат на 11:11. До крајот на првиот дел вардарци успеаја и да дојдат до водство од 15:13.
Домаќинот и на стартот од вториот дел дојде до +3 (17:14), но Алкалоид со серија од 4-1 стигнаа до 18:18. Резултатот беше нерешен до 22:22, кога „вардарци“ постигнаа три гола без да примат и поведоа со 25:22. Тренерот на Алкалоид Кирил Лазаров во 46.минута мораше да бара тајм аут.
По 27:24 за Вардар домашниот тим не искористи два напади за +4, а лидерот на табелата Алкалоид намали на 27:24. Но, нападот на Вардар пак ја врати ефикасноста и Николиќ и Горига го совладаа Галевски за нова предност од три разлика на помалку од три минути до крајот.
Во последната минута Вардар не реализираше напад, а истото го направи и Алкалоид, а во последната минута Срдановиќ не реализираше седмерец, Галевски уште еднаш му одбрани седмерец.
Најефикасен на дуелот беше Украинецот Горига со 7 голови кај Вардар, додека Марко Срдановиќ постигна 6 голови. Во редовите на Алкалоид 5 голови постигна Марко Митев. Голманот на Вардар Мигуел Еспиња дуелот го заврши со 14 одбрани, а Иван Галевски кај Алкалоид имаше 10.
Сепак, Алкалоид останува лидер на табелата со 22 бодови колку што има и Вардар. Шампионот Еурофарм Пелистер е зад скопскиот двоец со два бода помалку.