Селекторот на машката кошаркарска репрезентација на Македонија, Александар Јончевски го објави поширокиот список на играчи за претстојните квалификациски натпревари за ЕП 2025-та.
Македонската селекција ја очекува двомеч со фаворизираната репрезентација на Литванија.
црвено-жолтите во овие дуели влегува со половичниот ефект од февруарските натпревари (победа над Полска и пораз од Естонија). И Литванците имаат ист учинок (1:1), па се зад нас на табелата во групата „Х“, во која лидер е Естонија со две победи.
На 21 ноември (четврток), Македонија ќе биде домаќин на натпреварот што ќе се игра во СРЦ „Кале“ од 18 часот. Три дена подоцна, на 24 ноември (недела, 18.30 часот ), следува гостување во Клаипеда.
На поширок список на Јончевски е и Дамјан Стојановски кој одамна нема настап за репрезентацијата. Повикани се и двајцата странци Ти-Џеј Шорц и Итан Хап. Секако тука е и лидерот Ненад Димитријевиќ.
Но останува отворено прашањето дали Димитриевиќ и Шорц ќе може да му се стават на располагање на националниот тим. Двајцата со своите екипи Армани Милано и Париз на 21 ноември имаат натпревари во Евролигата.
ПОШИРОК СПИСОК НА МАШКА СЕНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА:
Војдан Стојановски, Ненад Димитријевиќ, Андреј Магдевски, Андреј Шошкиќ, Ти-Џеј Шортс, Амар Хот, Ваљмир Какруки, Лејсон Зеќири, Теодор Симиќ, Максим Митевски, Андреј Митревски, Страхил Николов, Лука Стојановски, Бобан Стајиќ, Кристијан Николов, Бојан Крстевски, Адем Мекиќ, Стојан Ѓуроски, Андреј Маслинко, Дамјан Стојановски, Дамјан Робев, Итан Хап, Виктор Ефремовски, Марин Петков.





































