Најдобрата македонска фудбалска репрезентација, денеска ќе се собере во својата база х. „Хилтон“ во Скопје. Селекторот Благоја Милевски 27-мината фудбалери кои се на неговиот список за последните два натпревари во Лигата на Нациите.
Под знак прашалник се Муслиу и Трапановски кои имаа повреди, а од таа прилична овие два натпревари че ги прескокне и Костадинов.
Затоа во репрезентацијата се враќа Емини, а има и две нови имиња Алчевски и Фета.
Како што веќе најави селекторот Милевски, целта е единствена, по овие два натпревари Македонија да остана првопласирана на табелата.
Нашата репрезентација досега собра 10 бодови, шест повеќе од Ерменија и Летонија, а седум повеќе од Фарските Острови.
Така на црвено-жолтите доволен им е само еден бод во двата дуели да останат на првото место на табелата.
Но, Милевски најави дека и на двата натпревари неговите избраници ќе атакуваат на победи.
Натпреварите со Летонија и Фарски Острови ќе се играат на националната арена „Тодор Проевски“ во Скопје. Првиот е во четврток (14 ноември) од 20.45 часот, а последниот во недела (17 ноември) од 15 часот.
Од денеска во продажба се пуштени и картите за овие натпревари, а ќе чинат по 200 и 400 денари.





































