Македонската таеквондистка Милијана Рељиќ е поразена во втората своја борба на ОИ во Париз, но не ги загуби шансите да се бори за медал.

Откако ја елиминира двократната олимписка шампионка, Британката, Џејд Џонс, Мила во четвртфиналето се бореше со Летиција Ајуд од Либан. Таа загуби со 2:0 во рудни.

Првата Либанката ја доби со 9-8 на поени, а втората заврши израмнето 6-6, но не доволно за Мила да се избори за решавачка трета рунда.

Сепак, шансата на Мила за медал (бронзен) останува. Имено доколку либанската таеквондистка ја мине во полуфиналето шампионка Кианичанде Нахид од Иран и избори финале, Мила би влегла во репасаж. Тоа би значело дополнителна борба за бронзениот медал.

ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА