Женската одбојкарска селекција на САД е првата што обезбедија пласман во финалето на Олимпијадата во Париз.

Во репризна на финалето на игрите во Токио, сега во Париз во полуфиналето, Американките по голема борба и пет сета ги совладаа Бразилките.

Првиот и третиот сет им припаднаа на актуелните шампионки, а вториот и четвртиот на Кариоките. Во решавачкиот пети сет Американките имаа повеќе концентрација и нерви, го добија сетот и со конечни 3:2. По сетови резултатот гласеше 25-23, 18-25, 25-15, 23-25 и 15-13.

Кој сега ќе биде продивник на Американките во битката за златото ќе дознаеме по мечот меѓу Турција и Италија (20 часот)

ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА