Младата ракометна репрезентација на Македонија (У18) е поразена и во вториот натпревар на Европскиот шампионат.

На првенството во Подгорица, а во дуел од Б групата, Македонските кадети загубија од големиот фаворит Германија со 19-25.

Одиграа одлично прво полувреме избраниците на селекторот Наум Танески Во водените 15-тина минути имаа и предност. Во втората половина противникот беше за нијанса подобар, па на одмор замина со гол предност (9-10)

Сепак во вториот дел, дојде до израз германскиот квалитет. Противникот од минута во минута ја зголемуваше разликата, за на крајот да слави со конечни 19-25.

Најефикасен во македонската репрезентација беше Самоил Ристевски со 11 голови, а Петар Илиевски заврши 5 голови.

Утре е слободен ден, а во сабота (14.30 часот) македонските кадети ќе играат против Полска.