Британецот Луис Хамилтон од Мерцедес е победник на 12-тата трка во Формула 1 што се возеше во Силвестоун за ГН на Велика Британија.

Хамилтон по доста возбудливата и интересна трка најдобро се снајде по непредвидливиот Силверстоун и успеа да стигне до 104-тата победа во кариерата, односно прва оваа сезона и прва по пауза од 2,5 години.

Луис последен пат славеше на трката во Саудиска Арабија во 2021 година и испиша нова историја затоа што стана првиот возач кој стигна до девет победи на една иста трка и тоа на домашната патека на Силверстоун.

На тој начин Хамилтон го мина Михаел Шумахер со кој го делеа првото место по осум победи на една трка.

По добриот старт двоецот од Мерцедес, Расел-Хамилтон се осамна на првите две места и беше таму се додека не се променија временските услови.

Почна да паѓа дожд кој на најдобар можен начин го искористија возачите на Мекларен и без поголеми проблеми ги минаа двајцата возачи на Мерцедес.

Норис беше лидер се до 39-от круг кога мораше да ги посети механичарите. Претходно тоа го направи и Хамилтон и со одлично возење успеа да излезе како прв на патеката.

До крајот со сигурно возење Хамилтон го задржа лидерското место и тоа за само една секунда пред Макс Ферстапен кој го мина Норис кој заврши трет.

Бодови освоија уште и Пјастри, Саинц, Хулкенберг, Строл, Алонсо, Албон и Цунода.

Освојувачот на пол-позицијата Расел кој стартуваше како прв на трката, поради проблеми со болидот ја заврши трката.

Верстапен е лидер со 255 бода пред Норис со 171 и Леклер со 150 бода. Хамилтон е на 8-мото место со 110 бода.

Следната трка се вози за две недели на 21 јули со трката во Хунгароринг за ГН на Унгарија.