Машката одбојкарска репрезентација на Македонија, во Струмица, ги одработува подготовките за новиот настап во Европската Златна лига.

Новиот селектор Хари Наковски вели дека формата на играчите е на задоволително ново. Тој очекува истата да биде подигната во текот на периодот што следи, а пред се во контролните дуели со Романија.

Што се однесува до здравствениот билтен, мала повреда на Лука Костиќ, но би требало попладнево и тој да биде на располагање на селекторот.

Во четврток Македонија заминува за Романија каде ќе одигра двомеч, пред стартот на натпреварите. Тоа е за десет дена (17 мај) кога првиот турнир ќе се игра во Струмица.