Младиот македонски кошаркар и репрезентативец, Андреј Јакимовски, дефинитивно се „одјави“ од Универзитетот Вашингтон Стејт.

Јакимовски изминатите четири години ги мина на овој универзитет, не сако како кошаркар туку и како академски граѓанин.

Тој премалку на своите профили на социјалните мрежи, објави дека го одржал ветувањето кон своите родители и дека дипломирал.

Иако ги заври студиите, Андреј останува во САД, и ќе ја продолжи својата кариера уште една година во НЦАА лигата. Тој ќе ја искористи можноста за тоа (4+1), а само ќе го смени дресот.

Јакимовски следната сезона ќе игра за Универзитетот Колорадо Болдер, популарните „Бафало“.