Супер ефикасен натпревар со шест гола и без победник одиграа екипите на Милан и Џенова. Дуелот од 35.коло во Серија А, на „Сан Сиро“ заврши без победник 3:3.

Има за што да жалат фудблерите и навивачите на Милан кој до самиот финишп имаше можност за победа.

Лошо започна натпреварот за „бјанко-нерите“. Матео Ретеги во петата минута од пенал му донесе водство на гостинскиот тим со 0-1. Тој резултат беше актуелен се до 45-тата минута кога Алесандро Флоренци го искористи центаршутот на Чуквуезе и израмни на 1-1.

Второто полувреме започна слично како и првото, со новото водство на Џенова. Но, Милан не се откажа и за само три минути со головите на Екубан (72) и Оливие Жиру (75) поведе со 3-2.

Беа пред триумф домаќините, но по ударот на Ретеги „несреќникот“ Тијау си постигна автогол (87) за конечни 3:3.

Исходот и бодовите не променија ништо за двете екипи, Милан е сигурен на второто место зад Интер, а пред Јувентус. Џенова е „мирна“ на средината без шанси за европски настап, но со сигурен опстанокот.