Новиот германски шампион, Баер Леверкузен славеше убедлива победа на гостувањето во Франкфурт кај Ајнтрахт со 5-1.

Избраниците на Чаби Алонсо уште еднаш потврдија зошто ја освоија титулата шампион во Бундес лигата.

Серијата на голови ја отвори Лака (12,минута) за водство на Баер од 0-1. Домаќините израмнија преку Екитике (32), но Шик во 44-тата повторо му донесе предност на гостинскиот тим.

Популарните „фармацевти“ во второто дел уште три пати ја затресоа мрежата на Ајнтрахт. Во листата на стрелци се запишаа, Паласиос (58), Фримпонг (77) и Бонифејс (89), за коначи 5-1 за Баер.

Ова беше 26-тата победа сезонава на тимот од Леверкузен кој нема пораз во Бундес лигата. Ајнтрахт и покрај поразот останува на шестата позиција која води во Лигата на Европа.

Standings provided by Sofascore