Кошаркарите на Кливленд обезбедија пламна во полуфиналето на НБА плејофот. „Кавалирс“ вечерва, пред својата публика, го совладаа Орландо со 106-94 и со 4:3 во победи ја добија серијата.

Иако првото полувреме им пропадна на гостите од Орландо кои во еден момент имаа и 18 поени предност, во вториот дел Кливленд беше подобриот тим. Решавачка беше третата четвртина која „Кавс“ ја добија со 33-15.

Донован Мичел одигра брилијантен натпревар постигнувајќи 39 поени на кои додаде девет скокови и пет асистенции.

Бадијала остана одличниот двоен учинок ан Паоло Банкеро на спротивната страна со 39 поени и 16 скокови

Тоа е прво полуфинале за Кливленд по пауза од шест години. Во него за противник ќе го имаат тимот на Бостон кој заврши како прво рангиран на истокот.

Првиот полуфинален пар го сочинуваат Њујорк и Индијана, а серијата пододбор до четири победи ќе ја почнат во вторник наутро.