Екипата на Фиорентина загуби важни бодови во трката за позициите што водат на европската фудбалска сцена следната сезона. Виолетовите на гостувањето кај Верона без поразени со 2-1.

За дуелот да биде уште поинтересен се погрижија домаќините кој преку Лазовиќ од пенал поведоа уште во 13-тата минута. Гостинскиот состав долго време притискаше и се мачеше да стигне до израмнување. Тоа конечно им успеа со финишот на првиот дел. По акцијата на Нзола, топката дојде до Гаетано Кастровили кој биеше прецизно за 1-1.

Во второто полувреме Верона преку Холанѓанецот, Нослин во 59-тата минута повторно дојдоа до предност, сега со 2-1. Виолетовите се мачеа повторо да стигнат до погодок и да израмнат. Во судиското дополнение (90+5) имаше ситуација во шеснаесетникот на домаќините за најстрога казна. Сепак по проверка на ВАР снимката, гостите останаа и без таа шанса, како и трите бода.

Фиорентина остана на 50 бодови, шест помалку од Лацио кој е на седмото место. Сепак тимот од Фиренца има натпревар помалку од римската екипа. За Верона бодовите беа драгоцени, па сега тимот „плива“ во помирни води во трката за опстанок во Серија А.

Standings provided by Sofascore