Фудбалерите на Челзи забележаа убедлива победа против лондонскиот ривал Вест Хем. Сините пред своите симпатизери на „Стенфорд Бриџ“ го совладаа популарните популарните „чекани“ со 5-0.

Целата дилема околу победникот домаќините ја завршија уште во првиот дел кога создадоа три гола предност. Палмер (15.минута), Глагер (30) и Мадуеке (36) се запишаа во листата на стрелци.

Во второто полувреме тоа го стори Џексон во два наврати (48 и 81).

Челзи сега е на седмото место на табелата со ист број на бодови како и Манчестер Јунајтед кој утре ќе игра против Кристал Палас.

Двата тима имаат само два бода помалку од Њукасл, кој е на шестото месото, последно што води на европската сцена (Конференциска лига).

Standings provided by Sofascore