Екипите на Ливерпул и Тотенхем одиграа интересен натпревари во Премиер Лигата. Со резултат од 4:2 триумфираше екипата на Ливерпул.

Првото полувреме помина во знак на „црвените”. На полувреме црвените заминаа со 2:0. Стрелци на головите беа Moхамед Салах во 16-та и Енди Робертсон во 45-та минута.

Во вториот дел Ливерпул ја зголеми својата предност. Коди Гакпо погоди во 50-тата за 3:0, а на 4:0 во 59-та минута зголеми Харви Елиот.

Тоа како го го разбуди заспаниот до тој момент Тотенхем, но беше предоцна. Ричарлисон во 72-та минута намали на 4:1. Конечните 4:2 ги постави Сон во 77-та минута.

Ливерпул останува на 3.место со 78 бода, а има четири помалку од Манчестер Сити и пет помалку од водечкиот Арсенал. Тотенхем пак со натпревар помалку има 60 бода, но сеуште е на 5-та позиција.

Standings provided by Sofascore