Фудбалерите на Бетис забележаа важна победа над Осасуна, со која остануваат во трка за позициите што носат настап на европската сцена.

На дуелот од 34.коло одигран во Памплона, гостите од Севиља славеа со 0-2.

Бетис ја искористи предноста од дури двајца играчи повеќе. Во 26.минута Монкајола, а потоа во 41-та и Арасат заработија црвени картони кај Осасуна.

Тоа гостите го казнија со головите на Перез (41) и Форналс (45+3).

Со трите освоени бодови и вкупно 52 Бетис останува седми со два бодови помалку од Сосиедад. Но тимот од Андалузија има пет бодови повеќе од Валенсија која вечерва попладнево игра против Алавез на домашен терен. Токму меѓу Бетис, Валенсија па и Виљареал ќе се решава која екипа ќе игра во Конференциската лига.

Standings provided by Sofascore