Македонската ракометна репрезентација денеска ќе се комплетира, за бараж дуелите со Фарските Острови. Последни во националниот тим ќе допатуваат искусните Никола Митревски и Филип Талевски.

Тие вчера го играат дербито во португалското првенство во кое Порто на Митревски излезе како победник над Бенфика на Талевски.

Токму капитенот на македонската репрезентација Митревски беше еден од најзаслужните за триумфот со 34-29. Тој имаше 14 успешни интервенции, а заедно со  Кристенсен и Магалаеш кои постигнаа по шест голови го предводеа својот тим до победата.

Филип Талевски пак постигна три гола за поразената Бенфика.