Младите ракометарки на ЖРК Вардар се шампиони на Македонија во младинска конкуренција.

Иако Ѓорче Петров успеа да извои победа со 31:27 над тимот на Вардар не беше доволно за да го освои трофејот во младинска лига. Шампионот го одреди меѓусебната гол разлика.

Во првите пет минути од натпреварот се играше израмнето. Гостите со серија 2-0 во 7-та минута поведоа со 5:3. Вардарки постепено ја зголемуваа предноста па во 16-тата минута имаа предност од +3 (10:7). Ѓорче во 21-та минута успеа да намали на 11:12. Но, гостите не дозволија Ѓорче да израмнат и само ја зголемуваа предноста. На полувреме вардарки замина со позитива од 16:13.

Ѓорче во втората половина со серија 3-0 во 36-тата успеа да израмни а, потоа и поведе со 20:19. Домашната екипа постепено ја зголемуваше предноста па дадоа напор и успеа да поведе со +3 (24:21). Гостите во неколку наврати се обидуваа да ја намалат негативата но Ѓорче не дозволи. Ѓорче константно одржуваше предноста па крајниот резултат беше 31:27.

Најефикасна од Вардар беше Бојана Коцева со осум гола, додека од Емилијана Ризоска со дванаесет погодоци.

Ивона Кимовска