Челзи триумфираше на лондонскиот дерби дуел против Тотенхем. Со 2:0 славеше „плавиот” дел на Лондон.

Во првото полувреме имаше доста израмнета игра. До предност дојде Челзи преку голот на Чалоба во 24.та минута.

Во второто полувреме Челзи беше подобар противник и ја одржуваше својата предност. На 2:0 зголеми Николас Џексон во 72.та минута.

По овој натпревар Тотенхем останува на 5.та позиција со 60 бода на 34 натпревари. Челзи пак се искачи на 8.та позиција со 51 бод.