Македонската одбојкарска репрезентација ја очекува уште едно долго жешко лето. Нашите одбојкари ќе играат „бркаат“ нов настап на Европските шампионати. Како и лани и годинава, формата ќе се темпира преку настапот во Европската Златна лига.

Новиот селектор Хари Наковски првата прозивка ќе ја има на 2 мај, во Струмица.

Александар Љафтов, кој побара одмор и ќе се приклучи во јули кога ќе почнат подготовките за евро-квалификациите. Филип Деспотовски нема да биде во селекцијата бидејќи ја заврши својата кариера. Нови играчи се Михајло Мирасчиев од Штип УГД и Кристијан Илиев од Струмица. Во стручниот штаб ново име е асистентот Кристијан Ристески, а остануваа скаутот Павле Матиќ и кондицискиот тренер Горан Панковиќ, кои работеа и лани.

За 8 мај е предвиоден пријателски натпревари со Романија на гостински терен. Потоа репрезентацијата ќе се вратат во салата „Парк“ во Струмица каде ќе тренираат до почетокот на Европската златна лига на 17-ти. На првиот турнир Македонија ќе биде домаќини на Чешка и на Естонија. Следните два се во Белгија и во Хрватска.

За разлика од досегашните изданија, ова натпреварување сега ќе претрпи промени.

Во август се два од четирите натпревари во квалификациите за ЕП 2026. Акцентот ќе биде ставен токму на нив, затоа што преку Грузија и Грција, Македонија бара шанса за четврти континентален собир по ред.