Македонскиот шамион МЗТ Скопје Аеродром е поразен од Спартак во првиот полуфинален натпревар од плејофот на АБА2 лигата.

Аеродромци пред своите навивачи во „Јане Сандански“ загубија од српската екипа со 73-78.

Израмнет натпревар одиграат овие два тима. Гостите од Суботица беа подобри во првата и последната, а МЗТ во втората и третата четвртина.

Во најголемиот дел од првото полувреме гостинскиот тим беше оној кој го контролираше резултатот. Имаше Спартак и 11 поени предност. МЗТ одигра одлично во третата четвртина кога го сврте резултатот во своја полза, а во последната влезе и со три предност (55-52). Но, тука аеродромци подзастанаа. Повторно му дозволија на противникот да реализира лесно. Погодуваше Спартак од сите позиции и на крајот славеше со 78-73.

Доминираа играчите на победничката екипа во скок играта, направија 46, а на МЗТ му дозволија да фати 24 топки под обрачите.

Иако тројца играчи во редовите на сино-белите беа двоцифрени, сепак Војдан Стојановски повторо се издвои. Постигна Војдан 10 поени беше најефикасен на натпреварот, но попусто. На спротивната страна искусниот Гордиќ со 16 поени беше прв стрелец кај победникот.

Реванш натпреварот во Суботица ќе се игра на 4 мај (сабота, 19 часот).