Баер Леверкузен стигна до „реми“ во дерби натпреварот со Штутгарт со гол во последните мигови. Сезонава никако не можат да загубат „фармацевтите” па така и на овој натпревар стигнаа до реми од 2:2.

Во првото полувреме не се постигна ниеден од головите. Затоа пак во второто сите 4 гола беа постигнати. Најпрво Штутгарт дојде до предност од 2:0. Головите ги постигнаа Фухрих во 47.та минута и Ундав во 57.та. Баер сепак не се предаде. Во 62.та минута Адли стрелаше за 2:1 и им даде живот на „фармацевтите”. Во 97.тљ минута Андрих постигна гол за 2:2 и ја остави жива серијата на Леверкузен.

Новиот германски шампион по 31 коло има 81 бод. Штутгарт пак се наоѓа на третата позиција и има учинок од 64 освоени бода. Популарните „шваби“ пропуштија победа со која уште сега можеа да си го потврдат местото во Лигата на шампионите.