Избраничките на Марија Папунџиева со победата на Чаир и официјално ја потврдија титулата во женската ракометна кадетска лига.

Кадетките на Вардар ја обезбедија титулата во претпоследното коло. На едно коло пред крајот вардарки имаа 35 бодови или недостиижни четири повеќе од екипата на Стружанка (31).

Вардарки го совладаа Чаир со убедливо со 37:21. Младите ракометарки на црвено-црните константно имаа контрола врз натпреварот и резултати па така и лесно дојдоа до победа.

Со тоа кадетките на Вардар ја заврши сезоната на првото место со 12 поебеди, без пораз и само два нерешени исходи.

Ивона Кимовска