Третиот натпревар во финалната серија во машкото одбојкарско првенство на Македонија на програмата е вечерва во Струмица. Една од екипите ќе стигне до вториот триумф, а со тоа и еден чекор поблиску до титулата.

Бранителот на трофејот Струмица на домашен терен го пречекува победникот во Купот, Штип УГД.

Поддршката од својата публика, се покажа како предност, па екипите славеа на домашен терен по што резултатот е израмнет 1-1. Рамноправно беше и во поглед на освоените и на загубените сетови, а тоа може да биде најава за уште еден неизвесен дуел.

Како ќе биде денеска останува да видиме по натпреварот што ќе се игра во салата „Парк“ од 19 часот.