Во НБА плејофот се одигра првиот натпревар. Во четвртфиналето на Источната конференција екипата на Кливленд поведе со 1:0 во победи против Орландо.

Домаќините ја имаа контролата над резултатот од самиот почеток и во ниту еден момент не му дозволија на противникот да поведе. „Кавс“ речиси цел натпревар имаа двоцифрена предност која ја одржуваа. На почетокот на последната четвртина таа изнесуваше и најголеми 20 поени разлика. Тоа им даде можност за мирна завршница и победа со конечни 97-83.

Донован Мичел беше прво име на натпреварот постигнувајќи 30 поени за победничката екипа. Банкеро на спротивната страна реализира 24 поеби за тимот на Орландо.

И следниот натпревар, во серијата подобар до четири победи, ќе с еигра во Кливлен во вторник (01.00 часот).

Вечерва на програмата се уште три натпревари.

Во тек е дуелот меѓу Минесота и Мемфис. Точно на полноќ закажан е почетокот на делот меѓу Бостон и Њу Јорк, ланските финалисти на истокот.

Дербито на вечерта е во Денвер каде шампионот „Нагетс“ предводен од Никола Јокиќ, го пречекува Леброн Џејмс и ЛА Лејкерс. Почетокот на овој натпревар од западната конференција е во 2.30 часот.