Екипата на Арсенал се врати на победите во Премиер Лигата. Со рутински триумф од 2:0 „топчиите” беа подобри од Вулверхемптон, а со ова победа се вратија и на врвот на табелата.

Арсенал имаше контрола уште од самиот почеток на натпреварот. Пред полувреме во 45.та минута Леандро Тросар постигна гол за 1:0.

Во вториот дел Арсенал продолжи да ја одржува својата предност. Имаа свои шанси и беа блиску до зголемување на водството. Мартин Одегард во 95-та минута ги постави конечните 2:0.

Арсенал е на првата позиција во англискиот шампионат, бидејќи со оваа победа дојдоа до 74 бода три повеќе од Манчестер Сити.

Актуелниот шампион својот натпревар од ова коло ќе го игра дури во четврток, бидејќи денеска играше полуфинале во ФА Купот каде го совлада Челзи. Зад овој двоец, е Ливерпул кој има 71 бод, а утре му гостува на Фулам. Вулверхемптон пак остануваат на 11-та позиција со 43 бода.