Во плејаут конкуренцијата на Првата машка кошаркарска лига, се одиграа натпреварите од четвртото коло. Во нив победи остварија домашните екипи на Вардар и Академија ФМП.

Токму овие двата тима ќе водат жестока борба за =местото пто и следната сезона гарантира настап во прволигашпката конкуренција.

Вардарци во СК „Кале“ го совладаа гевгелискиот состав на Кожув. Со трета победа по ред тие остануваат на второто место во оваа конкуренција со од денешниот ривал. Исто бодовно салдо како црвено-црните има и екипата на Академија ФМП која беше подобра од Охрид.

Токму овие два тима (Академија ФМП и Вардар) ќе играат меѓусебно во претпоследното коло. Исходот од тој натпревар ќе го исчекуваат кошаркарите на Охрид кои доколку сакаат да ги сочуваат шансите за опстанок ќе мора да ги добијат следните два натпревари.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – ПЛЕЈАУТ ЛИГА 4.коло
ВАРДАР – КОЖУВ 82:70
АКАДЕМИЈА ФМП – ОХРИД 75:61

ТАБЕЛА: Кожув 34, Вардар 32, Академија ФМП 32, Охрид 30;

СЛЕДНО 5.КОЛО (25.АПРИЛ)
АКАДЕМИЈА ФМП – ВАРДАР
ОХРИД – КОЖУВ