Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром се пласира во полуфиналето на АБА2 лигата. Во реванш полуфиналниот натпревар со Широки Бријег, аеродромци беа поразени до 70-68, но ја сочуваа предноста од првиот натпревар.

Делуваше разочарувачки кога во 18-тата минута домаќините анулираа 15 од 16-те поени со колку го загубија првиот меч во Скопје. Сепак. Одличната игра во второто полувреме особена на стартот на третиот период, се покажа како решавачки. Аеродромци го добија тој период со 26-14 и во последниот влегоа со поен предност. Во него се играше израмнето, а на крајот домашниот оствари „пирова“ победа.

Така МЗТ обезбеди полуфинале во кое за противник ќе ја има екипата на Спартак од Суботица, која регуларниот дел го заврши на првото место.

Во второто полуфинале, ќе играат новосадска Војводина и црногорската екипа Подгорица.

Првиот полуфинален дуел ќе се игра на 24 април, а реваншот на 5 мај.