Актуелните шампионки, одбојкарките на Работнички ги дели уште една триумф до одбрана на титулата.

Работнички го доби и вториот натпревар од финалето против Струмица жени и поведе со 2:0 во победи.

Иако и овој натпревар Работнички го доби со „чисти“ 3-0 во сетови, сепак како и на претходниот се играше неизвесна одбојка. За тоа најдобро говори и резултатот по сетови.

Првиот во кој беа одиграни вкупно 56 поени, домашните одбојкарки го добија на разлика 28:26. Во вториот без малку иста слика. Сепак, за нијанса помал број на поени, а му припадна на тимот на Работнички со 25:23. Немаа сили гостинките да се вратат во игра, па тоа го искористија актуелните шампионки добивајќи го и третиот сет со 25:21, а мечот со 3-1.

Првата „меч“ топка за нов шампионски трофеј, трет во низа, Работнички ќе ја има во сабота на теренот на противникот во Струмица.