Екипата на Ангели е третиот патник во полуфиналето на плејофот во Втората кошаркарска лига.

Реванш четвртфиналниот натпревар меѓи МЗТ Скопје У.Б. и Ангели им припадна на гостите со 66-63, па со 2:0 во победи се пласира во полуфиналето.

Во интересен натпревар гостите 38 минути имаа предност, а во последниот период влегоа и со најголеми +11. Скратената ротација во тимот на Гацов (повредениот Трпески) како и петте грешки на лични на капитенот Бојан Стојановски, домашниот состав ги искористи. Настовски на 2,3 секунди пред крајот реализира две слободни фрлања за израмнување 63-63. Сепак не добија аеродромци шанса за продолжение.

По тајм-аутот на гостите и уфрлувањето од страна, младиот Ангел Стојанов погоди тројка со звукот на сирената за триумф на Ангели (66-63).

Тимот од Кисела Вода е третиот што обезбеди полуфинале, а во него за противник ќе го има не поразениот МКК Куманово.

Кој пак ќе биде противник на Шкупи ќе дознаеме вечерва по натпреварот во Штип. Во него гостинската екипа на Маџари во дуелот со Соколи влегува со предност од 1:0 во победи. Доколку гостите слават тие ќе бидат полуфиналисти, а ако „соколите“ се радуваат ќе има мајсторка.