Вечерва, Борусија Дортмунд и Атлетико Мадрид во директен дуел за пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите ќе го комплетираат реваншот од нивниот четвртфинален натпревар.

Атлетико има мала предност за заштита, откако забележа победа од 2:1 во првиот натпревар на „Ванда Метрополитано“, но е деликатно подготвен за она што го очекува на „Сигнал Идуна Парк“.

„Јорганџиите“ викендов забележаа победа над незгодната Жирона (3:1), додека „милионерите“ со играч помалку се изнамачија против Борусија Мехендгладбах, но обезбедија победа од 2:1.

Неизвесен и жесток натпревар е пред нас, а кој ќе се пласира директно во полуфиналето на Лигата на шампионите останува да видиме вечерва со почеток од 21:00 часот.