Реваншите од четвртфиналето во Лигата на шампионите продолжуваат вечерва. Екипата на Барселона на  „Монжуик“ го пречекува ПСЖ со гол предност од првиот натпревар кој заврши 3:2 во корист на „каталонците“.

Солиден натпревар одиграа „светците“ на домашен терен, но нивниот главен играч, Килијан Мбапе, беше неочекувано „невидлив“ на „Паркот на принцовите“ и фалеше неговиот учинок. Од друга страна Барса покажа заби и со предност замина од Париз.

Избраниците на Чави викендов во шпанската Ла лига го совладаа Кадиз на гостински терен со минимални 1:0 во тежок и интензивен натпревар и немаа многу време за одмор, додека екипата на ПСЖ имаше цели шест дена за одмор бидејќи го пропушти 29.коло од француската Лига 1.

Овие две екипи се познати за пресврти и изненадувања уште од минатото, а дали ќе имаме „луда“ завршница на „Монжуик“ останува да видиме вечерва со почеток од 21 часот.