Ракометната Федерација на Македонија ги пушти во продажба картите за натпреварот
Македонија- Фарски Острови.

Точно напладне се пуштени влезниците што се продаваат по цена од 200 и 300 денари.

Картите за овој меч може да се купат на интернет-страницата https://mktickets.mk и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата.

Дуелот Македонија – Фарски Острови ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, на 12 мај од 19 часот.

Првиот натпревар е закажан за 8 мај во Торшавн, со почеток во 18 часот.