Остра реакција на РК Голден Арт по натпреварот одигран во Прилеп во кој скопјани беа поразени.

Од клубот се прашуваат, до кога судиите ќе ја ,,кројат” судбината на екипите и ракометарите!?

Реакцијата на Голден Арт ви ја пренесуваме изворно.

РК Голден Арт загуби на гостувањето кај Прилеп со конечни 26-23 (11-13). Во изедначен натпревар каде што домаќините ги контролираа првите 20 минути, успеавме да се вратиме и да го завршиме полувремето со позитива од 2 гола. Во вториот дел се играше гол за гол па потоа почна судиското “Шоу”. Не се може против сѐ, не се може против публика која физички ги напаѓа нашите играчи, не се може против делегат кој одбива да го внесе истиот инцидент во официјална изјава за натпреварот, со образложение “па не доби вашиот играч удар од публиката, го промашија”, а што ако нашиот играч добиеше удар? Само тогаш ли ќе има последици? Не се може ниту пак против судии кои се однесуваат НЕ-професионално, кои вербално се пресметуваат самите меѓу себе за судиски одлики кои они ги свирнале, саркастички коментираат кон нашите играчи на среде натпревар. Треба да се запрашаме сите во ракометеот, какви судии ни судат, дали се компетентни да судат, дали им влијае нешто и некој над навните одлуки во текот на натпреварите. ГолденАрт е оштетен овој плеј-аут премногу пати, контраверзни одлуки против нас на натпреварите против Мултиесенс и на првиот и на вториот дуел, на натпреварот во гости со Неготино, контраверзни одлуки и на натпреварот кој го игравме дома против МРК Куманово. Дали навистина “Следи контрола” за судискиот пар, или пак никој ништо не контролира и се си поминува. Екипи во оваа лига упорно се жалат од судии, но ништо не се превзема, до кога ќе биде вака и ке се диктира кој кога ќе победи и како ке победи. Како може да НЕ се одреди системот на натпреварувањето пред почетокот на сезоната, туку да се чека и да се чека од страна на “комисии” зад затворени врати да диктира и да одреди колку екипи ќе одпаднат и останат, место тоа да се случи транспарентно во договор со сите клубови пред почетокот. На што се сведува ракометот во Македонија?
Следен натпревар на нашата екипа е на гостински терен кај екипата на МРК Куманово.