Откако девојките вчера ги почнаа своите натпревари, денеска момчињата ќе го започнат настапот во втората квалификациски рунда за Европското првенство 2024-та.

Македонската машка репрезентација за одбојкари до 18 години е во Италија каде од денеска до недела ќе одиграат три натпревари.

Првиот е голем предизвик, против топ фаворитот и домаќинот Италија, а ќе се игра во терминот од 19 часот.

Следен противник, утре (сабота) е селекцијата на Израел, додека во недела македонските одбојкари ќе играат против грчките врсници. Со оваа (последната) селекција Македонија веќе има искуство од првиот квалификациски турнир одржан во Струмица.

Сите натпревари на младите македонски одбојкари ќе може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2024 – ГРУПА А (Италија)
1.коло – 12 април 2024

16.00 Грција – Израел
19.00 МАКЕДОНИЈА – Италија
2.коло – 13 април 2024
16.00 МАКЕДОНИЈА – Израел
19.00 Грција – Италија
3.коло – 14 април 2024
16.00 МАКЕДОНИЈА – Грција
19.00 Израел – Италија