Кошаркарите на Чаир и ТФТ одиграа уште еден натпревар интересен натпревар во плејофот. Гостинскиот тим на ТФТ имаше резултатска контрола на случувањата и овојпат, не ги повтори грешките. ТФТ победи со 83-72 и го израмни резултатот на 1:1 во четвртфиналната рунда.

ТФТ Моцарт беше подобрата екипа во првото полувреме. Имаа постојана контрола над резултатот кој на истекот на 20 минути, гласеше 22-17. Го повторија истото „црно-белите“ од Тафталиџе и во втората (23:18). Гостите заминаа на одмор со десет поени разлика (45:35).

Во вториот дел домаќините отворија многу подобро, па во 26.минута стигнаа до израмнување (50:50). ТФТ врати со серија 11-4, па во последните четвртина гостите повторно имаа предност од седум поени (54-61). Немаа сили чаирчани за ново враќање, па ТФТ го исконтролира последниот период и на крајот славеше со конечни 83-72.

Верц беше прв стрелец во победничката екипа со 24 поени, а Зафиров заврши со 16,

Следните два натпревари ќе се играат во СРЦ „Кале“ каде улогата на домаќин ќе ја има екипата на ТФТ.