Првиот четвртфинален дуел меѓу Арсенал и Баерн заврши со четири гола, по два на обете страни, па полуфиналистот ќе се решава во Минхен на реваншот.

На „Емирати“ во Лондон, Арсенал и Баер одиграа натпревар како и што се очекуваше. Офанзивно особено домаќините, а со брзи кантри се обидуваа гостите.

Возбудувањата започнаа уште во 12-тата минута кога на ефектен начин, Букајо Сака му донесе предност на Арсенал 1-0.

Грешката на домашната одбрана ја казни Гнабри во 18-тата минута, а по одличната асистенција на Горецка. Гостите од Минхен направија и пресврт. Во 32.минута беше досуден пенал за Баерн, кој во водство од 1-2 го претвори Хари Кејн.

Уште на стартот на второто полувреме, Арсенал тргна уште по офанзивно во обид да ја анулира негативата. Тоа вроди со плод во 76-тата минута со прекрасниот гол на Леандро Тросард, а по акцијата на Гавриел Жезус.

Двата тима имаа уште по две шанси за гол, најзрелата Коман кој ја погоди стативата на домашниот гол, но резултатот остана не променет.

Така реванш натпреварот во Минхен закажан веќе следната среда, на 17 април, ќе го даде патникот во полуфиналето.